Како до совршено деколте?
Објавено: 28 јануари, 2015, во 08:42 часот
Она што повеќето мажи го забележуваат кај девојките се градите, па затоа грижете се за нивниот изглед. Негата на градите е најважната работа за да имате совршено деколте кое мажите ќе ги остави без зборови.
Еве ви три совети на кои треба да внимавате кога се во прашање градите:
1. Внимавајте како спиете
Истражувањата покажувале дека спиењето на страна највеќе ја „гужва“ кожата меѓу градите. Па затоа, спиењето на грб нека стане ваша омилена позиција за спиење, бидејќи тоа најмалку штети на осетливата кожа кај градите и деколтето.
2. Хидратација
Кожата кај деколтето како и градите им е потребна нега како на лицето. Редовно правете нежен пилинг со што би ги отстраниле изумрените келии, припремајќи ја кожата за хидратантна крема. Негуваната кожа станува еластична, а со самото тоа мека и затегната. Па затоа, редовно нанесувајте хидратантна крема, лосион или масло за тело.
3.Држете ги под контрола
И градите имаат своја тежина која ја држат вашата кожа. Како стареете тежината на градите станува се поголема и кожата повеќе се растегнува. За да вашите гради бидат „под контрола“, секогаш купувајте си градник кој совршено одговара за вас.
