Домашна маска со силен ефект за побрз раст на вашата коса
Објавено на 31 јануари, 2015 во 10:12
Денеска насекаде има рецепти за маски кои помагаат за побрзо растење на косата. Но оваа е единствена. Еве зошто треба да ја испробате…
Потребни состојки :
1 белка од јајце
2 лажички мед
и малку маслиново масло
Сите состојки се ставаат во чинија и се мешаат се додека не добиете хомогена смеса. Потоа нанесете ја на косата и оставете да делува околу 30 минути. Потоа измијте полека со млака вода.
Совет:
Секогаш кога на косата ставаме јајце треба да внимаваме на крај да ја миеме со поладна вода зашто доколку водата е топла тогаш јајцето ќе почне да се згрутчува и ќе се јави проблем за потешко миење на косата.