Убаво лице во зима
Посвеж изглед
Докажано е дека боите влијаат на расположението, а слично е и со боите на лицето. Нежните нијанси на розева боја, лаванда или бојата на праска, ќе го разбудат вашето лице и ќе ве потсетат на пролет и на будењето на природата.
За вообичаен дневен мејк ап, сенката со боја на лаванда нанесете ја на делот под долните трепки од средината кон крајот на окото, а нежната розева над капакот во многу мала количина. Ова можете да го направите и со руменилото.
Исончан изглед
Сезоната на капење и сончање е сеуште далеку од нас, но тоа не значи дека на вашето лице не смеете да му дадете малку бронзен изглед.
За да добиете таков ефект одберете бронзер кој е две нијанси потемен од вашата природна боја на тенот.
Сексапилен изглед
Освежете го вашиот заводлив црвен кармин со уште една нијанса на усните. Ако сакате со интензивна боја да ги истакнете вашите усни, тогаш лицето не смее да биде заситено од сенки и руменило, туку мора да изгледа природно и акцентот да паѓа на вашите усни.
Нанесете црвен или розев кармин и со марамче одземете го вишокот. Потоа на внатрешниот дел од усните нанесете потемна нијанса како што е бојата на вишни или домати. Ако не можете да пронајдете таква боја тогаш натапкајте со сенка за очи бидејќи мат усните се повторно ин.