Свилените марами како заштитни маски
Објавено на 20 јули, 2020 во 13:48
Оливија Палермо важи за една од најголемите модни икони на денешницата.
Taa e жена со големо влијание врз sстилот на облекување на голем број на жени. Сега Оливија,свесна дека има одговорност, исто така дава придонес во спречување на ширењето на коронавирусот.
Деновиве на Инстаграм има објавено одлични идеи за совршени модни комбинации и во исто време заштита од коронавирусот. Таа предлага убавите свилени марами да се извадат од плакарите и дамите да ги носат како заштитни маски.
“Безбедноста е важна, но нека биде модерна. Наоѓам креативни начини како да се заштитам себе си во секојдневните прошетки со кучето. Бидете креативни и во вашиот плакар побарајте ја својата маска”, порача Оливија.