Чанта по која полудеа познатите дами

Објавено: 16 декември, 2013, во 10:23 часот

Познатите трендесетерки просто ги обожуваат Живанши модел чантите „Антигона“.

Познатата француска модна куќа на почетокот на 2013 година исфрли прекрасен модел нас чанта која во рекорден рок стана неодминлив асесоар на многу дами со стил,како Миранда Кер и Рози Хантингтон Вајтли.

И покрај цената од 2000 до 5000 долари,Живанши чантата е маст хав за сите модноосвестени дами кои ги следат трендовите а Миранда е една од првите која почна гордо да ја носи.Оваа манекенка признава дека често дневниот изглед го осмислува така да целата комбинација ја вклопува со нејзината омилена чанта.

Рози исто така е голем фан на Антигона па овој модел го купи во две нијанси црна и војничко зелена

Освен овие две прекрасни и секогаш дотерани дами и многу други познати трендсетерки ја комбинираат во своите секојдневни изгледи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.