Ова се чевлите кои ќе ја обележат сезоната на празниците
Објавено: 10 декември, 2013, во 10:14 часот
Во тек на претстојните празници нема да светат само новогодишните украси.
Дамите кои сакаат висока мода и притоа можат да си ја дозволат ќе можат да направат патеката по која чекорат да засјае со новите евли кои доаѓаат од модната куќа Цесара ПиацотиЧ модел украсен со ЛЕД метални шилци.
На оваа модна куќа очигледно дека не и недостасуваат футуристички идеи па поранешните модели со кристални шилци ги заменија со овој модел и ги поставија на рафтовите точно на време : на почетокот на сезоната на пред новогодишно лудило.
Овие атрактивни чевли оживуваат со помош на адаптер кој е опремен со батерија и се наоѓа под улошката. Значи дамите избираат дали и кога сакаат да засјаат. Она за шт не се сетиле а што го забележаа модните критичари е далечинскиот со чија помош дамите би можеле дискретно да темпираат кога чевлите ќе им засветат.
Моделот премиерно е прикажан на париската недела на модата а цената им се движи околу 1000 евра.
