Шарлот Олимпиа повторно воодушеви со необична колекција
Објавено: 17 декември, 2013, во 08:31 часот
Шарлот Олимпиа многу пати не изненади и воодушеви со своите модни парчиња.Не е исклучок ни најновата колекција.
Златните платформи на штиклите,балетанки со глувчиња и мачки,чанта во форма на парфем парчиња со кои дизајнерката се прослави претходните сезони а својот посебен репертоар го збогати со уште една супер и интересна женствена колекција за пред есен 2014.
Најпопуларни се секако чантата со златни лисици Kinky, и онаа со нацртана женска рака наречена Pandora Holda Me, како и чевли Hands up на кои исто така се наоѓа женска рака со црвени лакирани нокти.
Во колекцијата исто така се наоѓаат и луда чанта со неонски натпис Girls, чанти и чевли со лажен патент затворач како и оние со заштитниот знак Olympiа – мал пајак.
Без оглед каков стил преферираме во колекцијата на сјајната Шарлот Олимпиа сигурно ќе најдете некое парче за себе со кое ќе го збогатите вашиот стајлинг и ќе го направи поинтересен.
