Детали од крзно !

Објавено: 12 декември, 2013, во 10:43 часот

Во многу колекции застапено е  вештачкото и вистинското крзно,комбинирано на разни начини а особено доминираат деталите. Шубарите оваа сезона се вратија на модната сцена.

Крзното оваа сезона е важен детал на многу креатори .Дизајнерите вешто се поиграа и успеаја на разните модни додатоци да им дадат посебен изглед дополнувајќи ги со крзно.

Шубарите повторно можеме да ги видиме во излозите на продавниците како во одамнешните осумдесетти и тоа во сите големини,форми,бои. Кој и да е модел да го изберете вашата комбинација на облекување ќе ја направи повпечатлива. Најважно е да се усогласи со формата на лицето,за тркалезно се препорачува шубарата да боде со што поголем обем,а жените со ситно тесно лице треба да изберат помали модели.

Модерни се и шаловите од крзно како и плетени модели со овој детал кои целокупниот изглед го прават поелегантен и попрефинет. Актуелни се и крзнените чанти во сите големини. Освен природните бои,популарни се и модели во виолетова,сина,црвена,жолта и други силни тонови. Обувката со крзно потполно ја освои модната сцена особено длабоките чевли со петица и чизми во сите должини. Вистински избор се за овие студени денови и совршени за сите кои сакаат да изгледаат посебно.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.