Елегантно и софистицирано
Објавено: 29 ноември, 2013, во 09:09 часот
Новата колекција на дизајнерот Владе Савиќ ја прави комбинација на разни материјали со најдобар квалитет,специфични кроеви и хармонични палети на бои.
После долгогодишна работа во модната индустрија и успешно претставување во рамките на модните винети на Белградската недела на модата ,дизајнерот Владе Савиќ пласираше нова колекција за есен-зима 2013/14 Таа е инспирирана со разни стилови а акцентот како на ретро така е ставен и на модните кроеви. Сите модели се многу елегантни,женствени и софистицирани..
Впечатливи се фустаните во ретро стил модели како мали црни фустани кои дизајнерот со комбинација на кроеви им даде свој печат.
Интересни се и моделите кои ја истакнуваат половината без ракави и пошироки во долниот дел ,како и панталони со модерен дизајн,креирани во две и три бои.
