Кратките чизмички се моден хит
Објавено: 30 ноември, 2013, во 09:25 часот
Посебен акцент е на чизмичките кои се надополнети со популарни детали како каменчиња,бисерчиња,нитни и други украси…
Дизајнерите оваа есен беа многу креативни кога обувките се во прашање. На врвот на модните скалила се најдоа кратките чизмички,рамни или со ниска широка пета. Овие модлеи се омилени на многумина пред се заради ленсотијата на комбинирање,бидејќи можат да се носат во секакви варијанти на облекување.
Изборот на овие чизмички е навистина огромен така да не е тешко да се најде модел кој лесно ќе го вклопите во вашиот стил на облекување. Дизајнирани се во класична,превртена и лакирана кожа а освен во црна и акфеава боја оваа есен се носат и во други бои зелена,сина,виолетова…кои ја освежуваат секоја комбинација. Посебен акцент е ставен на чизмите кои се надополнети со популарни детали како каменчиња,светулки,нитни,копчиња и други метални украси.
Овие мдоели одлично одговараат сио речиси секое парче облека – фармерки,панталони,сукњи,фустани и хеланки.
