Louis Vuitton – Бурми за доживотно патување исполнето со љубов
Објавено: 24 октомври, 2013, во 09:46 часот
Француската модна куќа лансираше нова палета на бурми,кои се дизајнирани да ја следат двојката во своето патување низ животот.
Новата линија на современи бурми е составена од четири модели а сите се инспирирани со кодовите на Louis Vuitton кои станаа симбол на овој бренд од своето основање во 1837. година.
Louis Vuitton Capitonnee бурма,со едноставен дизајн е изработена од бело злато и светликави дијаманти.
Louis Vuitton Infini бурмите се достапни од бело,жолто и розово злато. Обиколени се со бројни полукружни мотиви с додавање на малку сјај на видливата текстура. Монограмите на овие бурми дефинитивно се инспирирани со архитектурата.
Ако го заокруживте својот однос изјавувајќи Те сакам со прсте во форма на Louis Vuitton во форма на брусен цвет тогаш времето за бурмите штотуку доаѓа. Овој класичен дијамантски свршенички прстен е составен од дијамантски цветови во форма на LV монограм.
Нека знае светот дека сте во брак не само со личност која најмногу ја сакате туку и со бренд кој е составен дел од вашиот живот.
