Парчиња облека кои треба да ги има секој маж

Објавено: 22 февруари, 2014, во 10:42 часот

Овие парчиња облека треба секој маж да ги има во својот гардеробер.

Чадор

Добар чадор не им теба само на жените. Научете секогаш да го имате дома или во автомобилот, затоа што секогаш е подобро да се сокриете под чадор, отколку да киснете на дождот.

Карирана кошула

Различни бои во орманот се неопходни, затоа што не е сè црно-бело, затоа карираната кошула е добар избор.

Очила

Детал кој дава шмек на секоја комбинација.

Фармерки

Може да се каже дека ова е најважното парче облека во орманот на секој маж. Неопходни ви се за секоја пригода, освен на плажа, затоа потрудете се да најдете некој добар модел.

Патики

Патики се обувките во кои секој маж се чувствува најдобро.

Сако

Во секоја пригода, од излегување до свадба, сакото е повеќе од потребно парче облека за секој маж.

Дуксер

Уште едно парче облека во кое ќе се чувствувате удобно е дуксерот. Некои од советите за купување дуксер се дека треба да биде широк од страните, но никако преголем или пак претесен. Не заборавајте дека тесната облека е првенствено наменета за жените.

Поло маица

Ова веќе на сите ни е добро познато. Поло маица е навистина корисен дел од облеката.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.