Шишките повторно се во тренд
Објавено: 17 октомври, 2013, во 11:16 часот
Доколку се уште не сте се одлучиле на овој чекор кој на вашето лице ќе му подари сосема нов изглед некои од славните личности ќе ви послужат како добар пример.
Ако не сакате многу да ја скратите косата а сепак би сакале некоја промена доволно е изгледот да го освежите со шишки.
Со степен потстрижена коса добро стојат истенчени шишки на челото кои можат да бидат и асиметрични. Со рамна долга коса можете да испробате густи шишки кои паѓаат под веѓите.
Кратките шишки одлично одговараат со истенчена коса на краевите и густа на темето,особено оние со изразена асиметрија која треба да се одредува спрема обликот на лицето.
Тренд ана сезоната се и шишки во слоеви кои се носат со густа долга коса со изразен волумен. Ако ви сметаат шишките на челото и тешко ви е да се навикнете на нив можете да ги носите и од страна.
Имајте ан ум дека шишките треба да ги скратувате секоја втора недела но немојте да стравувате дека поради нив косата ќе морате да ја миете почесто. Ако ви е полесно можете да ги измиете секој пат кога се миете и повторно да ги формирате без да имате потреба да ја миете целата коса.
И секако, ако се одлучите за шишки немојте да ги врзувате со гумички или да ги закопчувате со шноли – пуштете да се гледаат и слободно да паѓаат додека се уште се во мода.
