Совршени подароци за Божиќ и Нова година: Прада накит !
Објавено: 17 декември, 2013, во 11:10 часот
Најновата колекција на накит на луксузната италијанска модна куќа Прада содржи неодоливи примероци на обетки,огрлици и белегзии во прекрасни бои и со прекрасни кристалчиња.
Цветот на хибискус кој е главен мотив на машката и женската пролетна колекција и послужи на Прада и како инспирација за оваа прекрасна колекција на накит.
Материјалите од кои е изработена оваа скапоцена колекција се сафиано кожа и прекрасни кристали во одлична палета на бои која се движи од бели,тренди портокалови па се до вечните тиркизни тонови. Погледнете како изгледа новата колекција накит Прада кој ќе го обожуваат трендесетерките ширум светот.
