Спас за премногу истенчени веѓи
Објавено: 18 октомври, 2013, во 09:47 часот
Доколку се занесовте со пинцетата и наместо веѓи сега имате две линии на лицето не грижете се бидејќи стручњаците за убавина имаат вистинско решение…
Се што ви е потребно се моливче,коса четкичка,сенка за веѓи и четкичка за чешлање која може да ја искористите и од стара маскара. Обрнете внимание дека вашите веѓи треба да се целосно суви без траги на вода и пудра..
Со моливчето за веѓи,кое мора да биде посветло од нив,со меки и нежни движења нацртајте линии на веѓите,како да имитирате влакненца. На тој начин би требало да го пополните саканиот облик на веѓи.
Со косата четкичка и сенката за веѓи,повторно во нијанса која е малку посветла од вашите веѓи,полека и уредно поминете преку нив и повторно пополнете го саканиот облик. Со сува четкичка исчешлајте ги за да добиете што поприроден изглед.
