Страдивариус зимска кампања 2013-2014

Објавено: 3 декември, 2013, во 09:31 часот

Како и секогаш креативниот пристап е овде на врв што најдобро се гледа во големиот избор на материјали, кроеви и шари.

Сета тренди облека може да се најде во атрактивни комбинации за најимпресивни зимски изгледи. Страдивариус ги презеде најдобрите младешки мотиви кои ги комбинира со модерни опции. Зимската колекција почнува и се завршува со удобна облека. Фустани,кожни јакни,сукњи,модерни шарени кошули,капути,плетени капи во црвени нијанси. Тука е и спортската кул бајкер кожна јакна во комбинација со бордо џемпер.

 

Чизми до зглоб со висока потпетица и златна чанта претставуваат раскошни сјајни детали кои го оплеменуваат вашиот изглед. Новата колекција е спас за сите оние дами кои не сакаат да им кажат збогум на удобните фустани и сукњи кои ги носеа за време на топлите месеци. Зимскиот изглед може да биде многу атрактивен и удобен а Страдивариус несебично помага во тоа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.