Трендови од деведесеттите кои треба да се вратат

Објавено: 25 ноември, 2013, во 11:35 часот

Бидејќи во главно модните трендови се повторуваат односно се враќаат во мода после одредено време еве неколку трендови од деведесеттите кои не е лошо повторно да се видат.

1. Капри панталони

Капри панталоните беа задолжително парче во деведесеттите . Како поинаку би ги покажале неодоливите зглобови на нозете. Ова е тренд од тоа време кој треба да се врати,особено поради тинејџерките кои во училиште не би требало да одат во кратки панталони,па овие панталонки би биле одлична замена.

2. Звонарки

Многу луѓе ги сметаат за смешни но тие во деведесеттите беа многу популарни и комотни. Можеби би требало да размислите за повторно да ги облечете.

3. Комбинезон

Тие не се баш добар избор на истакнување на фигурата но е многу комотен. Најдобра работа кај него е тоа што нема појас а може да биде во разни стилови и бои.

4. Сомотни фустани

Во вакви фустани можете да изгледате раскошно и секси. Уште подобро можат да изгледаат со лента во косата на која се наоѓа голем цвет.

5. Големи ластички за коса

Тие беа најпријатниот моден детал за коса бидејќи не го влечат или оптегнуваат опавчето а му даваат убав изглед исто како и на пунџите. Би можеле да ги усогласите со бојата на облеката или да ја разбиете монотонијата на изгледот со ваква ластичка со откачен дизајн.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.