Во три чекори до меки и нежни усни
Објавено: 10 февруари, 2014, во 07:31 часот
Зимските услови ги сушат усните и ги прават ранливи. Освен што можат да бидат болни испуканите усни не се убави за поглед а често тешко и се шминкаат. Но со правилна нега можно е повторно да станат меки и нежни.
Пилинг – Барем два пати неделно задолжително направете пилинг. На усните нанесете малку балсам и нежно масирајте ги со стара четкичка за заби за да ги отстраните мртвите клетки.
Нега – Секојдневно повеќе пати на усните нанесете балсам кој ќе им ја обезбеди потребната хидратација. Балсамот ставете го пред карминот но оставете добро да се впие пред да почнете да се шминкате.
Заштита – Заштитата од сонце е неопходна во текот на целата година. Кога веќе ја штитите кожата на лицето и телото зошто не и усните? Задолжително користете балсам за усни со заштитен фактор.
