Тропска пролет во новата DSquared² 2014 кампања
Објавено: 8 февруари, 2014, во 09:25 часот
Во DSquared² кампањата за пролет/лето 2014, популарниот дизајнерски двоец Деан и Катер Катен ја ангажираа Лума Гроте.
Лума позираше пред објективот на талентираниот тим Мет & Маркус облечена во облека која дизајнерите ја креираа инспирирани од тропски бои.
Фотографиите на кампањата се снимани на локации во Лос Анџелес. Лума одлично изгледа во новите драматични форми со мачкасти очила за сонце и совршени бои за топлиот дел од сезоната.
