Модерна е виолетова шминка
Објавено: 3 декември, 2013, во 10:38 часот
Оваа боја на лицето му дава софистициран но младешки и романтичен изглед во зависност од начинот на шминкање и облеката. За дневен и деловен мејк ап одберете дискретни тонови.
Меѓу мејк ап трендовите во богатата палета на оваа есен посебно се истакнуваат виолетовите тонови а шминкерите предлагаат комбинација од топли и ладни нијанси.
* За дневен и деловен мејка па одберете дискретни тонови. Сенка во пастелна виолетова нијанса нанесете на целата површина на капакот за еден тон потемна сенка ставете од трепките до крајот и извлечете кон надворешниот агол на окото. По долната трепка нанесете светликаво бело моливче па замачкајте со прстот. На крај ставете два слоја црна или кафеава маскара а на усните понежна боја на кармин или сјај.
* Вечерниот мејк ап дозволува повпечатливи бои,па затоа сенката во појака виолетова нијанса нанесете ја на цел капак а можете да ја комбинирате со сива,црна,златна или розова сенка. Со виолетови тонови на очите одлично договара кармин во боја на вино. Оваа комбинација изгледа ефектно,бидејќи ги истакнува очите и усните.
* Оваа сезона многу актуелен е и виолетовиот туш кој е понежен од црниот а шминкерите советуваат пред да го нанесете за подобар ефект на четкичката ставете малку виолетова сенка во прав.
