Во стил на поп и рок икона
Објавено: 12 ноември, 2013, во 09:44 часот
Колекцијата на Ирена Граховац за есен-зима 2013/2014 ја сочинуваат јакни и капути со многу детали,препознатливи крзнени јаки и околувратници.
Тесните кожни панталони ја истакнуваат силуетата. Таа е инспирирана со изгледот на поп и рок иконите комбинирајќи со разни кроеви,форми и материјали а акцентот овој пат го стави и на боите.
Впечатливи се јакните и капутите со совршен крој,со многу детали а особеност на поедини модели даваат и патентите многу модерните нитни. Тесните кожни панталони многу атрактивно изгледаат и во варијанта со дебели елеци во разни бои.
А гламурот на музичката сцена најмногу се препознава во црна стреч кожа,крзно во силни бои и необични детали. Впечатлив изглед на моделите даваат и кожните вратоврски,ракавиците и крзнените чанти.
