Урнати неколку големи светски веб страници

Објавено на 8 јуни, 2021 во 17:36

Неколку големи светски веб-страници, како што се Би-Би-Си, Си-Ен-Ен, Гардијан, Њујорк Тајмс, денеска беа турнати.

Би-Би-Си, по враќањето на функцијата, пишува и дека била недостапна и страницата на британската влада е.

Тие исто така додадоа дека на корисниците им била прикажана пораката „Error 503 Service Unavailable“ кога се обиделе да пристапат до урнатите страници.

Блумберг известува дека Редит бил паднат и пишуваат дека и Амазон бил недостапен.

На веб-страницата Downdetector се наведува дека е забележан пад и страниците на HBO Max, Hulu, Etsy, Twitter, Google и многу други услуги за електронско купување и слично.

Според Си-Ен-Ен, проблемот е на страницата Fastly, што е облак услуга што е домаќин на многу сервери на разни портали и интернет услуги.

Од компанијата велат дека работат на решавање на проблемот.

АП исто така известува дека проблемот е во Fastly и дека корисниците кои се обиделе да пристапат, на пример, порталот CNN, добиле порака дека доменот е непознат и не може да се пристапи до него.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.