Грашокот – зелена витаминска бомба

Објавено на 15 јануари, 2016 во 08:40

Меѓу бројниот зелен зеленчук, грашокот е еден од најкорисните и најефикасните растенија.

100 грама грашок содржи само 81 килокалории, а изобилува со јаглеродни хидрати, растителни влакна, глукуронска киселина, фруктоза и гликоза. Освен протеини, грашокот содржи и масти и лецитин, материи важни за нервниот систем.

Грашокот поседува високо ниво на протеини благодарејќи на неговите корени во кои се наоѓа одредена бактерија која азотот од воздухот го претвора во корисни аминокиселини, а понатаму и во протеини. Поседува масти и лецитин, состојки кои се одлични за добро функционирање на нервниот систем. Свежиот плод има високи количини на витамин Е и Ц. Сувиот плод пак содржи витамин Б1, Б2 и Б3. Овие витамини се значајни бидејќи може да го забрзаат метаболизамот и да влијаат смирувачки на организамот.

Како извор на витаминот К го чува здравјето на коските и кардиоваскуларниот систем, активирајќи го остеокалцинот кој го разградува калциумот и ја одржува густината на крвта, како извор на фолна киселина и витаминот Б6, спречува остеопороза и атеросклероза. Поради присуството на витамин Ц, грашокот е антиоксиданс кој ја штити ДНК-та од оштетувања и помага за детоксикација, ги зајакнува имунолошките функции и ги инихибира канцерогените процеси.

Богат е и со бетакаротин – витаминот А, кој помага спречување разни облици на карцином и настанок на срцеви заболувања. Грашокот е и извор на железо, минералн неопходен во градбата на клетките.

Грашокот е одличен извор на фолна киселина и витамин Б6, кои влијаат на намалувањето на нивото на хомоцистеинот, супстанција која настанува во процесот на метаболизмот и која го отежнува нормалното врзување на колагенот и структурата на коските, па создава услови за развој на остеопороза.

Неколку корисни својства на грашокот:

-влакната од грашокот ја зголемуваат дигестивната функција.

– амилоза, состојка на грашокот, придонесува за понизок гликемиски индекс на овој продукт.

– витамините и минералите од грашокот играат важна улога во превенција од недостигот на хранливите материи и спречуваат болести, посебно оние што се однесуваат на железото или фолната киселина.

– грашокот содржи низа фитохемикалии коишто имаат антиоксидативно и антиканцерогено дејство.

– грашокот содржи сапонини, кои холестеролот го држат под контрола и ги јакнат позитивнте ефекти на пребиотиците во дебелото црево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.