Избалансирана исхрана – пресудна за силен имунитет на Вашите деца!

Објавено на 23 јануари, 2016 во 07:20

Да се поминат студените зимски денови без настинка и грип е вистинско олеснување на родителите. Во тоа може да им помогне правилната и добро избалансирана исхрана, која е клучна за развој и одржување на имунолошкиот систем.

Доколку детето е подложно кон заболување, мора постапно да му се зајакнува имунитетот. Во тоа ќе Ви помогне избалансираната исхрана. Важно е на Вашите деца да им подготвувате што е можно по разновидна храна со доста овошје и зеленчук кое е богато со витамин Ц.

Сок од портокал е еден од најхранливите овошни сокови, извонреден е извор на витамин Ц, калиум, фолат и тијамин. На детето треба да му се дава и тестенини, печиво и леб кои се добиени со мелењето на целото зрно.

Значи интегрални намирници, затоа што во нив е задржана нутритивната вредност. Таквите намирници треба да се консумираат во утринските и попладневните часови а да се избегнуваат навечер поради намалената инсулинска осетливост – тоа е храна која треба да ги обезбеди дневните енергетски потреби.

Во исхраната би било пожелно да се воведат сите видови на риба поради богатството на рибиното масло и незаситените масни киселини. Туна, скуша, харинга, лосос, ослич и пастрмка би требало да бидат застапени во менито два пати неделно. Треба да обрнете внимание да ја намалите количината на едноличната храна која е богата со заситени масти или шеќери. На децата никако не треба да им се дава преработена храна и газираните пијалаци. Тие намирници имаат мала хранлива вредност и им го затвораат апетитот така да децата нема да можат да внесат друга храна, што доведува до слабеењето на имунитетот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.