СОС трикови за прејадување!
Уживајте во сите деликатеси оваа Нова Година, а ние ќе ви дадеме неколку совети доколку претерате во конзумирањето на истите.
Прошетајте
Лесно пешачење од 20 минути после прејадување ќе ви помогне да ги отстраните сите гасови од жалудникот.
Одењето ви го олеснува притисокот во цревата и така ви го намалува непријатното чуство на надуеност. Исто така, ја забрзува циркулацијата која го подобрува варењето на храната, а свежиот воздух ќе ви помогне да се чуствувате подобро.
Ананас или јогурт
Половина час откако ќе се прејадете, земете мала порција ананас, папаја, или пак јогурт…бидејќи тоа се намирници кои го подобруваат варењето на храната.
Зелен чај
Пиењето на ззелен чај за време или после јадење ќе ви помогне вашето тело да се ослободи од акумулираните масти и холестарол.
Медицинските придобивки на зелениот чај лежат во неговиот полифенол, односно растителни антиоксиданси кои се вклучени во распределбата на масти, и намалувањето на холестаролот во крвта.
Воздржете се од лежење
Може ќе дојдете во искушение одма после обилен оброк да си легнете, но немојте!
Почекајте барем три часа после оброкот за да го избегнете враќањето на киселината во желудникот со оглед на тоа дека во тој период дигестивните гастритични сокови работат со максимум.
