Совети за Среќна Нова Година!
Уште неколку дена останаа до прославувањето на Нова Година, па затоа спремете се за шопинг, готвење, декорирање и се останото што овој празник го носи.
1. Уште денес купете се што ви е потребно за готвење, украсување, затоа што шопингот во последен момент никогаш не е забавен.
2. Исчистете го фрижидерот и направете место за новогодишните состојки.
3. Започнете да ги правите традиционалните новогодишни колачиња и салати.
4. Може да направите супа и да ја замрзнете.
5. Варено вино може да направите уште денес, а потоа да го притоплувате.
6. Свесно држете го стресот на минимум. Не мора се да биде како што сте замислиле.
7. Не дозволувајте подароците што треба да ги купите да ви станат опсесија.
8. Не се грижете колку пари ќе потрошите на подароци. Сметајте со намера, а не цена.
9. Немој да се прејадувате. Потрудете се повеќе време да разговарате отколку да џвакате.
10. Едноставното е секогаш најдобро, и кај готвењето и кај украсувањето. Не комплицирајте ништо, бидете едноставни.
11. Одложете ги подароците за вас и заштедете. За шопинг почекајте ги после новогодишните попусти.
12. Купете неколку екстра чоколади и бонбоњери во случај да не сте заборавиле некого да му купите подарок.
13. Одбегнете ги темите за политика кои предизвикуваат долги дискусии и кавги.
…и за крај уживајте, Нова Година е само една обична ноќ со малку повеќе сјај.
