Убијте ја настинката и мамурлукот!

Објавено на 2 јануари, 2013 во 12:59

Дали знаевте дека во само два потези, и со само две клучни, едноставни и здрави состојки, може да се решите од зимски настинки и мамурни денови.

Решението се крие во вашата кујна и време е да го испробате овој едноставен и вкусен рецепт.

 

Предностите од медот се добро познати, а циметот се смета за еден од најздравите зачини. Комбинацијата од овие две состојки е навистина бомбастична, особено кога е во прашање мамурлукот и настинките.

Рецептот за напивката која ви ја препорачуваме го зајакнува имунолошкиот систем и помага со замор, хронична кашлица и настинка, ја негува слузницата и ги чисти синусите. И двете состојки дејствуваат антивирусно, антибактериско и против различни форми на габични инфекции.

Состојки:

1 лажица мед

2 лажици мелен цимет

Подготовка:

Во 100 мл. млака вода, помешајте мед и цимет, мешајте додека медот не се стопи. Напитокот пијте го два пати дневно, по можност три дена по ред. Истото може да го направите и без вода. Во чаша направете микс само од мед и цимет, и консумирајте го на ист начин.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.