Како да ги прикриете трагите од мамурлакот?

Објавено на 3 јануари, 2013 во 10:30

Лудување до зори, многу алкохол и одлична забава?

Следните шест совети ќе ви помогнат во лечењето на трагите кои ќе ги остават овие уживања…

Измијте се со ладна вода

Со цел повторно да изгледате свежо најпрвин измијте се со ладна вода. Освен тоа што ќе го повратите сјајот на кожата ќе успеете и подобро да се разбудите. Би било добро да се напиете и две до три чаши млака вода. 

Намачкајте се со хидратантна крема

По лудата забава и краткиот временски интервал за спиење сосема е нормално вашата кожа да биде сува и уморна. Добрата хидратантна крема може да направи чуда во врска со овој проблем. Доколку ја користите редовно може да го намали и појавувањето на брчки.

Обидете се со зелена вода

Станува збор за обична вода која се чува во зелено стаклено шише и се остава да стои на сонце од 6 до 8 часа. Под дејство на сончевите зраци во водата се таложат лековити материи кои го чистат организмот од токсини и ја поттикнуваат циркулацијата. 

Отстранете ги отоците

Најдобриот лек за бледилото и отечените капаци се облоги од мед или вода со коцки мраз. Потопете крпче во овие течности и држете го врз очите две-три минути. Истиот ефект може да го постигнете и со крема базирана на вода која прво ќе ја ставите малку да постои во фрижидерот, па потоа ќе ја нанесете на лицето.

Внимавајте што јадете

За не се доведете во состојба која дополнително ќе ги засили последиците од мамурлакот, внимавајте што јадете. Избегнувајте масна храна и сол. Алкохолот не доаѓа во предвид. 

Како да се нашминкате?

Со коректор покријте ги подочниците, но не нанесувајте пудра на целото лице. Малку свиткајте ги трепките, а потоа ставете маскара. Нанесете руменило во розова или боја на кајсија. Подобро е да биде во крем отколку во прав.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.