Бабини методи за откривање на полот!
Немој да се изненадите доколку некој ве види прв пат во животот и сака да погоди каков пол ќе биде вашето бебе кое го носите.
Стотици години наназад трудниците верувале во секакви бабини приказни за откривање на полот. Иако бабините предвидување не се како ултра звуците кои ги имаме денес, тие се забавни и непогрешливи. Ние ги носиме најстарите дијагнози за утврдување на полот на бебето, а вие уживајте во тестирањето.
Девојче е:
– ако имате утринска мачнина во почетокот на бременоста
– ако отчукувањата на срцето на вашето бебе е најмалку 140 во минута
– ако чуствувате тежина во колковите и задникот
– ако вашата лева дојка е поголема од десната
– ако вашата коса има црвеникав сјај
– ако вашиот стомак е во облик на лубеница
– ако ви се јадат слатки
– ако ви се пие сок од портокал
– ако често сте мрзеливи
– ако ви излегуваат мозолчиња
– ако градите почнат да ви се зголемуваат уште на почетокот на бременоста
– ако се вртите на југ додека спиете
– ако збирот на вашите години во моментот кога сте го зачнале бебето и бројот на месецот ви дава непарен број.
Момче е:
– ако немате утрински мачнини на почетокот на бременоста
– ако отчукувањата на срцето на вашето бебе е помалку од 140 во минута
– ако чуствувате тежина во предниот дел на стомакот
– ако вашиот стомак потсетува на кошаркарска топка
– ако вашите брадавици значително се потемнети
– ако често ви се јаде солено и кисело
– ако ви се јаде месо и сирење
– ако влакната на нозете ви растат брзо
– ако рацете ви се суви
– ако се вртите на север додека спиете
– ако и идниот татко се врти на север додека спиете
– ако сте се разубавеле
– ако урината ви е светло жолта боја
– ако носот ви се раширил
– ако имате главоболки
– ако збирот на вашите години во моментот кога сте зачнале и месецот ви даваат парен број.
