Дигестивните проблеми решете ги со Јога!
Дигестивните проблеми, како што се чуство на киселина во стомакот, гасови или синдром на иритирано дебело црево, може да бидат малку повеќе од болни.
Јога позите може да помогнат во ублажување на стомачните проблеми, без разлика дали тоа е од ретка столица или пак запек, како и други многубројни проблеми.
Ослободете се од гасови
Некои положби можат да предизвикаат олабавување на дигестивниот тракт кој помога во ослободување на гасови во стомакот. Опуштена и малку изменета верзија на позата “мост”, поттикнува мускулна релаксација на задникот и карличните мускули. Целта е што поголема релаксација на карлицата. Останете во оваа поза од 30 до 60 секунди. Вежбата е завршена со издишување и лесно спуштање на подот, на грб.
Запек
За овој проблем од корист се позите “malasan” или “garland”. Станува збор за чучневи со петтите на подот. Додека, “Pasasan” е варијанта во позата на чучневи но во движење правејќи средни чекори. Почекајте од 30 до 60 секунди, потоа издишете и застанете исправувајќи ги колената.
Масажа на стомакот
За абдоминална масажа, застанете исправено, а потоа стабилизирајте се во позиција на столче – за потоа да го вовлечете стомакот и да го испуштите напред. При изведба на оваа јога поза не треба да ја стегате вилицата или пак да ги згрчувате рамената. Малку полесна вежба е ако легнете на грб, а нозете ги кревате правејќи ја буквата “Т”, а потоа и двете нозе нека паднат на едната па на другата страна од телото. И за оваа поза важи да останете од 30 до 60 секунди активни. На крај исправете ги колената со издишување на воздухот.
Нервозно дебело црево
Болните дигестивни проблеми понекогаш знаат да манифестираат со запек или пролив, придружувани со грчеви. Најважно во совладување на овие болки е да ја истегнете и опуштите областа околу карлицата. За овој проблем препорачлива е позата која се состои во тоа да легнете на подот, да ставите перница или свиткано ќебе под двата колкови. Доближете ги едно до друго двете стопала, и свиткајте ги колената. За почеток, останете во оваа положба една минута, и постепено зголемувајте од 5 до 10 минути.
Чуство на киселина во желудникот
Јога дишењето може да помогне во намалување на непријатното чуство кога храната се враќа од желудникот во хранопроводникот. Понекогаш овој проблем може да се реши преку смирување на нервниот систем со т.н. дишење од стомакот. Легнете на под и дишете длабоко, така што вашиот стомак ќе се крева и спушта кога ќе вдишувате и издишувате воздух. Ако немате сеуште можности да направите пауза и да легнете на под, оваа вежба може да ја направите и во текот на денот. Седнете правилно и исправено и дишете. На овој начин воздухот влегува длабоко. Исто така се препорачува и многу движење. Седењето во една положба секој ден е многу штетно за организмот. Така метаболизмот забавува, отчукувањата на срцето забавуваат, како и нивото на кислород. Дишењето би требало да претставува движење на секоја поединечна ќелија во телото.