Благодети од костен!
Никој не може да му оддолее на примамливиот мирис на печените костени кој се шири низ улиците уште од 16 век. Станува збор за драгоцено овошје, чија двојна обвивка го штити од пропаѓање.
Костенот е овошје со голема калорична вредност, многу сличен на житото особено сувиот костен, затоа е одличен за децата како енергетска подршка во развојот, за спортистите, за повозрасните лица и за сите оние кои се изложени на поголем физички и интелектуален напор.
Од витамини, костенот ги содржи витамините од групата Б, витаминот А и Ц.
Бидејќи костенот е богат со калиум, а сиромашен со натриум, тој е погоден за лица со бубрежни и крвни заболувања.
Може да се јаде свеж, варен, печен, како пире, а може да се користи и како брашно за слатките. Треба да се користи само кога е сосем зрел. Ако го јадете тогаш јадете го само него. Избегнувајте ја комбинацијата со друга храна за да може полесно да се свари.
Подобар е варениот костен. Костенот содржи Витамин E и фитохемикалии кои не се застапени во варениот костен, но затоа пак варениот костен содржи поголема количина на минерални состојки. Печениот костен има поголема енергетска вредност, поголема количина на белковини, масти, витамини и двојно поголема количина на јагленохидрати.
Див костен
За разлика од питомиот костен, дивиот костен не се јаде поради неговиот горчлив вкус, но затоа пак има лековито дејство. Флавонидите, кумарините, сапонините се користат за произведување на фармацевтски препарати наменети првенствено за лекување на проширени вени, на хемороиди и на тромбофлебит. Многу често дивиот костен се користи и во козметиката во вид на лосиони или маски на база на див костен, за нега на косата и лицето.