Проверете што ви недостасува!
Речиси и да не постои личност која не почувствувала страшна и неопислива желба за одреден вид на храна.
Речиси и да не постои личност која не почувствувала страшна и неопислива желба за одреден вид на храна. Не постои начин на кој можете да се одбраните од неа, па дури ни совршениот маж не може да замени едно ќесе чипс или чоколадо.
Само добро познатиот вкус во нашата уста може да ги смири страстите.
Желбата за храна содржи психолошка компонента и ви кажува каква личност всушност сте вие. Ова е потврдено и од авторот на “What Flavor is Your Personality?”, Alan R. Hirsch, кој по 25-годишно истражување ги објавил резултатите.
Проверете во која група спаѓате!
Пасивните луѓе чувствуваат желба за солено!
Луѓето кои имаат силна желба за солена храна и може да ги смири само ќесичка чипс или порција солен помфрит имаат недостаток на минерали во организмот. Истражувањата покажаа дека жените кои држат диета која не содржи млечни производи копнеат за солена храна многу повеќе од оние кои консумираат млеко, немасно сирење и јогурт.
Причината е едноставна натриумот кој го зголемува нивото на калциум во крвта, го залажува организмот кој верува дека проблемот е решен. Желбата за солена храна може да упатува и на недостаток на железо и калциум.
Луѓето кои чувствуваат желба за солени јадења не се борци, туку се радуваат препуштајќи се на текот на животот. Тие се склони да веруваат дека виша сила е одговорна за настаните во нивните животи и дека некој друг ја одредува нивната судбина. Ретко го изразуваат своето мислење и радо препуштаат други да го кројат нивниот приватен и професионален живот.
Сакам чоколадо!!!!
Жените кои во одредени моменти можат да се задоволат само со еден ред чоколадо може да здивнат, бидејќи научно е докажано дека не постои причина за паника, вкусот на чоколадо помага кога вашето тело се чувствува исцрпено.
Чоколадата го стимулира лачењето на хормонот серотонин, тоа е десерт кој делува како антидепресив, а исто така помага кога сте изморени и во оние моменти кога на телото му е потребно брзо будење.
Луѓето кои чувствуваат неопислива желба за темна чоколада сакаат да бидат во центарот на вниманието, ги привлекува лудиот живот и во работата се стремат кон највисоките позиции.
Ако предметот на желба е млечна чоколада тогаш станува збор за тивка и повлечена личност, која сака самотија и најдобар пријател и е книгата.
Други копнеат по слатки, кои исто така ги подигнуваат расположението и енергијата во телото.
Луѓе кои сакаат слатки живеат на работ, тие се големи хедонисти и ретко жалат за пропуштените можности. Сакаат да се издвојуваат од толпата и уживаат кога се во центарот на вниманието.
Дисциплинираните луѓе сакаат луто и зачинето!
Луѓето кои имаат проблеми со темпераментот и тешко наоѓаат мир, често одбираат лута и зачинета храна. Организмот копнее за страстен вкус, со цел полесно да се смири.
Некои истражувања покажаа дека некои луѓе се на некој начин зависни од лутата храна, бидејќи ја забрзува работата на срцето, протокот на крвта и дишењето.
Луѓето кои чувствуваат желба за лута и зачинета храна, сакаат ред и дисциплина, не посветуваат внимание на детали и не сакаат да губат време на нешта кои ги сметаат за неважни.
Комбинација на солено и слатко одговара на самостојните!
На луѓето кои најмногу уживаат во комбинација на слатко и солено во организмот им недостасуваат гликоза и натриум, затоа кога ќе станат мрзеливи се впуштаат во комбинација од солени грицки и чоколада за да си ја повратат силата и да ги задоволат потребите за солено.
Овие луѓе најмногу сакаат да бидат сами и склони се кон тоа потполно да одлутаат во своите мисли. Креативни се и ја ценат приватноста, па не сакаат кога некој ќе ѕирне во нивната.