Со Вотка против смрдени нозе!
Кога еднаш ќе ви се умирисаат нозете нема назад, мирисот ќе ви се прошири во остатокот од обувките.
Тоа е затоа што дури и најквалитетните чевли се темна, испотена почва за бактеријата која ја предизвикува смрдеата. Вие не може целосно да ја отстраните, но можете да ја контролирате смрдеа. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да не ви биде незгодн кога ќе треба да ги соблечете кондурите на гости…
Обидете се нозете да ви останат суви
“Најдобар начин за да се спречат миризливи нозе е да ги задржите нозете суви”, вели д-р Ребека Бакт. По бањање со пешкир добро исушете ги вашите нозе, особено меѓу прстите, и тапкајте ги со анти-габичен прав кој ќе ве одржи суви.
Првично чевлите
Посипете бебешка пудра во чевлите пред и откако ќе ги носите, сугерира Бакт. Кондурите тргнете ги од темниот и влажен плакар!
Искористете го алкохолот
Доколку вашите нозе и после се повторно мирисаат, искористете ја вотката. Истријте ги убаво нозете со вотка. Таа ќе ги дезинфицира и исуши вашите стопала.
Кога на доктор?
Доколку ништо не функцијонира а смрдеата од вашите нозе станува се по неподнослива, обратете се кај дерматолог!