Помош од врвен експерт за диета!
Објавено: 12 јануари, 2013, во 13:06 часот
Harley Pasternak кариерата ја започнал како хокеј играч, потоа станал специјалист за вежби во канадската војска, а додека се школувал вежбсл и со познати личности. Се здобил со светска слава кога Хали Бери го повикала да дојде во Калифорнија за да и помогне со подготовките за филмот “Жена Мачка”. Тој направил фитнес империја, а негови клиенти се Lady Gaga, Megan Fox, Katy Perry, Amanda Seyfried, Ashley Greene и Robert Patinson.
Ние издвоивме неколку совети од овој врвен експерт, со цел да го подготвите телото за претстојното лето.
Оброци
Јадете пет пати дневно. Никогаш не дозволувајте да чуствувате глад.
– Јадете бидејќи е време за оброк, а не кога ќе почуствувате глад. Така ќе имате повеќе контрола што јадете. Метаболизмот гледајте го како воденица. Ако цел ден пиете по малку вода, тој ќе ротира постојано и ќе биде ефективна машина – советува Pasternak.
Подготовка
За секој оброк одвојте пет минути за подготовка и послужување. Не треба да бидете кулинарски магионичар, но едноставно посветете внимание на храната.
5 Состојки
Белковини, влакна, здрави јаглехидрати, квалитетни масти и избалансиран шеќер – сите овие треба да создаваат еден здрав оброк.
“Ден без вина”
Секоја недела земете еден ден за “своја душа”. Опуштете се, јадете она што го сакате, понекогаш и малку повеќе од вообичаената доза.
Вежбајте
Вежбајте пет пати неделно по 25 минути
– Краток, интензивен и силен тренинг дава одлични резултати. Нема потреба по цел ден да бидете во теретана, направете програма која можете да ја правите секаде. “Предрасуда е дека богатите е полесно да се обучуваат, бидјќи те имаат пари. За моите вежби треба време и решителност” – вели Harley.
