Вегетаријански дестинации!
Објавено: 23 јануари, 2013, во 10:25 часот
Доколку месото не е вашата омилена храна и нешто што не сакате да го имате на вашето мени, изборот на место за одмор може да биде навистина специфичен.
Сепак, има и земји кои спаѓаат во групата “рај за вегитаријанците”. Откријте каде да патувате ако сакате да уживате во вегетеријански специјалитети.
Лондон
Меѓу светските метрополи, вегетаријанска гастро престолнина е Лондон, каде што дури и на уличните штандови може да се ужива во вегетаријанска храна.
Индија
Тоа е земја со најголем број на луѓе кои не јадат месо. Најмногу се истакнува јужниот дел на индиската држава, каде што “месојадците” се сметаат за чудаци.

Италија
Италија е татковината на пицата и тестенините. Пазарите се преполни со разни видови на маслинки, сушени домати и пиперки, тие имаат одличен избор на разни видови јадења. Секој регион има свој адут, нешто по што е препознатлив.
Тајланд
Тајланд има свој фестивал за вегетаријанци. Се одржува секоја година во Phuketu под име Kin Jay и трае десет дена. Но, и во остатокот од годината вегетаријанците можат да уживаат во раскошните оброци од зеленчук со разновидни зачини, со вкус на кари, папаја, кокосово млеко и ароматични зачини.
Мароко
Ова е една од најразновидните кујни поради влијанието на бројните народи кои поминувале низ мароканската кујна. Оваа кујна е особено со големиот број на зачини, широкиот спектар на плодови, од медитарански до тропски, ладни и топли салати, сосови, хумус, разновидни комбинации на вкусни јадења.
