Направете сами чај за слабеење!
Објавено: 23 јануари, 2013, во 12:39 часот
Секојдневно гледаме барем една реклама на телевизија за препарати за слабеење. А кога ќе ги купиме, многу често се разочаруваме затоа што залудно сме си ги потрошиле парите.
Така што ние ви носиме рецепт а вие самите ќе си направите чај за слабеење и ќе го прилагодите на вашите потреби.
Потребни состојки:
Мајчина душица
Ајдучка трава
Коприва
Жалфија
Кантарион
Шипка
Самовила
Коњско опавче
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и чувајте ги во стаклена тегла или пак хартиена кеса. Потоа ставете 4 грама чај во литар вода да зоврие. Кога ќе зоврие чајот оставете го да се олади.
Така подготвениот чај се пие пред и за време на оброкот со додавање на јаболков оцет по вкус. Оваа билна мешавина успешно го регулира метаболизмот. Се разбира, со малку корегирана исхрана и придржување на рецептот за чај, многу брзо ќе ги добиете посакуваните резултати.
Совети:
* Во чајот не треба да ставате шеќер или вештачки засладувачи, сите тие состојки може да ги замените со лажичка мед.
* Може да посипете малку цимет по желба, бидејќи тој го забрзува топењето на мастите.
* Наместо јаболков оцет може да исцедите малку лимон според ваш вкус.
