Урината открива многу тајни!
Анализата на урината е една од корисните скрининг методи чии резултати можат да дадат основни информации за состојбата на метаболизмот како и за состојбата на генито-уринарниот систем.
Боја на урина боја во распон на нијанси од 1 до 3
Проѕирната или светло жолтата урина покажува дека телото е здраво. Проѕирната урина е добра бидејќи таа покажува дека пиете многу вода и дека вашиот организам се хидратизира. Водата ги регулира сите органи, а ја регулира и нивната температура. Овој пијалак кога поминува низ телото пренесува хранливи материи.
Боја на урината во распон на нијасни од 4 до 8
Ако е потемна и многу темно жолта урината наутро при првото мокрење, тогаш не се грижете бидејќи е нормално да биде таква наутро.
Но доколку при секое мокрење вашата урина има темна боја тогаш морате веднаш да јадете повеќе овошје. Темно жолтата боја говори дека на вашето тело му недостасуваат течности, што значи дека тоа е дехидрирано.
Бела урина
Белата или заматената урина значи голема концетрација на бели крви зрнца кое се борат со инфекција. Тоа значи дека имате уринарна инфекција
Доколку имате потреба за почесто мокрење, имате болно мокрење и печење при мокрењето тогаш обавезно да одите на лекар. Сепак мора да знаете дека водата е вашиот сојузник во оваа ситуација. Пијте многу течности и седете на топло.