Зошто имате главоболка?

Објавено: 30 јануари, 2013, во 12:26 часот

Еве ги петте најчести причини поради кои кај луѓето се јавува главоболка:

1. Повеќето главоболки започнуваат поради недостаток на кислород во мозочните ќелии. За да ја спречите оваа појава треба да го детоксицирате телото. Алергија од храна или сезонска алергија исто така може да предизвика главоболка, бидејќи токму тогаш се јавува недостаток на кислород затоа што организмот се бори да ги неутрализира алергените предизвикани од алергијата.

2. Тензичните главоболки обично се јавуваат поради напнатост на мускулите во делото на главата или вратот, и сето тоа како резултат од стрес или неправилно држење на телото.

3. Синусни главоболки се јавуваат поради затнати или воспалени синуси.

4. Циркулаторните проблеми предизвикани од стрес, хормонална нерамнотежа или недостаток од одредени хранливи состојки го намалуваат протокот на крв во мозокот. Во екстремени услови може да предизвикаат и мозочен удар.

5. Мигренските главоболки обично доаѓаат со предупредувачки симптоми како што е нарушување на видот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.