Работи кои ве водат до поголема среќа!
Објавено: 31 јануари, 2013, во 10:57 часот
Сите заслужуваме весел живот, а ако немаме таков живот може треба да застанеме и да размислиме во што е проблемот.
1. Размислете за своите вредности
Во што верувате? Што ви е најважно во животот? Можеби се трудите околу погрешни работи, ако на пример семејството ви е најважна работа, а најмногу време поминувате на работа, размислете што може да направите за да ја промените ситуацијата.

2. Бидете дарежливи
Колку време издвојувате за помагање на другите? Колку прилика има околу нас за правење добри нешта, а колку тоа често го правиме?
3. Поставете си цел
Кога знаете за што се трудите и кон што целите, лесно ќе ги поминете препреките.
4. Работете
Колку и да ви звучи неверојатно, но работата навистина ги развеселува луѓето. Работата не треба да ве исцрпува, но најмногу ќе се чуствувате изморени ако не работите ништо.
5. Трудете се
Наместо да не работите ништо и да размислувате за тоа што немате, помислете за тоа што имате околу себе и побарајте начин како со она што го имате да го подобрите квалитетот на својот ќивот.

