Вегетеријанците имаат третина помал ризик од срцеви заболувања!

Објавено: 31 јануари, 2013, во 11:42 часот

Вегетеријанската исхрана ги спречува масните наслаги да навлезат во артериите и штити од срцев удар.

Со престанокот на козумирање на месо може да имате големо влијание на здравјето на вашето срце, покажа истражување спроведено на 44.500 испитаници во Велика Британија, чии резултати сугерираат дека таков начин на исхрана го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести дури за 32 проценти.

Големи разлики во крвниот притисок, телесната тежина и нивото на холестерол имаат директно влијание врз подобрување на здравјето што доаѓа од престанокот јадење месо. Главната причина за срцеви заболувања се масните наслаги во артериите, кои секојдневно носат многу голем број жртви од западните земји.

Во едно истражување спроведено во Оксфорд, анализирани се информации од 29.400 луѓе кои конзумираат месо и 15.100 вегетеријанци во време од 11 години. За овој временски период, 1066 луѓе побарале лекарска помош поради проблеми со срцето, а 169 починале од срцев удар.

Најголем број на заболени и смртни случаи биле оние луѓе кои консумирале месо, а како што наведува главниот истражувачд-р Кроу, вегетеријанците внесуваат многу малку заситени киселини пто ги прави резултатите многу логични.

Покрај тоа, вегетеријанците имаат ниско ниво од лошиот холесттерол, низок крвен притисок и нормализирана телесна тежина.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.