Бета каротен може да го намали ризикот од дијабетис!

Објавено на 11 февруари, 2013 во 13:07

Истражување спроведено на Универзитетот за медицина во Станфорд открива дека бета каротенот може да го намали ризикот од дијабетис тип 2 кај луѓето кои имаат генетска предиспозиција за таа болест.

Истовремено, студијата открива дека гама токферол, главниот извор на витамин Е може да влијае на зголемување на ризикот за добивање на дијабетис тип 2. Овој заклучок сепак незначи дека витамин Е, кој најмногу го има во орасите и јатчастите намирници е лош за здравјето.

Познато е дека голема количина на бета каротен е поврзана со намалување на ризикот од рак и други болести.

Затоа, навалете на морковите, тиквите и нешто слично со бета каротен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.