Сојузници на слабеењето!
Објавено: 27 февруари, 2013, во 11:11 часот
Јајца, црвено месо, тестенини, ореви, сирење – звучи како забранет список на намирници кога сакаме да ослабиме, но научните истражувања го докажуваат спротивното.
Токму овие намирници можат да бидат главни сојузници при држењето диета за слабеење…
Јајца
Најновите истражувања покажуваат дека консумирањето на едно јајце на ден е хранливо и безбедно за возрасните лица и ако јадете јајце за појадок ќе ги подобрите шансите за губење на тежината. Причина – јајцата се богати со протеини и затоа им е потребно повеќе време да се сварат со што ќе имате чувство на ситост, па ќе јадете помалку во текот на денот…
Црвено месо
Здравствените експерти со години нè советуваат да го минимизираме користењето на црвеното месо во исхраната. Сепак, бифтекот не е така лош за одржување на витката линија. Како и јајцата, шницлата е богата со протеини и го задржува подолго време чувството на ситост.
Паста
Наместо да се избегнува пастата кога сте на диета можете слободно да јадете помали порции. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат паста умерено имаат поголема веројатност да губат на тежината и потоа да ја одржат здравата линија.

Ореви
Оревите се богати со хранливи материи – протеини и растителни влакна кои помагаат во стабилизирањето на шеќерот во крвта. Така, ќе внесете неколку грама масти од грст ореви, но тоа е крајно покорисно од калоричните кексови и други слатки. Дури и путер од кикирики може да се користи – студиите покажуваат дека малите порции од овој путер го контролираат гладот, без зголемување на телесната тежина.
Сирење
Многу често се препорачува намалување на овој млечен производ богат со калциум, но студиите го покажуваат спротивното. Според една теорија, телото согорува повеќе масти кога ќе добие доволно калциум, па јадењето на сирење со низок процент на масти, јогурт или млеко всушност може да придонесе за губење на тежината.
Кафе
Кафето спаѓа во категоријата на лоши напитоци кога се консумира претерано или ако е во комбинација со крем и шеќер. Но, ако пиете црно кафе ќе го забрзате метаболизмот, без додатни масти и калории. Затоа топло ви препорачуваме топло кафе без додатоци како што се млеко или обичен шеќер.
Е.Н.Ј.
