Деликатесно труење!

Објавено: 7 март, 2013, во 10:16 часот

Зошто сендвичите не се добри за вас …

Ново истражување спроведено на пола милион луѓе во десет европски земји покажало дека консумирањето на месни преработки е главен виновник за една од 30-те смрни случаи поврзани со кардиоваскуларни болести и рак.

Најопасни се ефтините шунки и паризери, велат научниците, и советуваат сите гурмани кои консумираат вакви месни преработки да го намалат внесот на обработено месо на најмногу 20 грама дневно.

Сувомеснатите производи се најчесто направени од комбинација на животински остатоци и содржат висока концетрација на маснотии и опасен холестарол, како и штетни конзерванси.

Личностите кои јаделе повеќе од 160 грама или три колбасици дневно, имале 72 проценти поголема шанса да умрат.

50 грама месни преработки дневно (една колбасица или парче сланина) го зголемува ризикот од рак за пет пати повеќе.

Професорот Керол Сикора, еден од водечките британски онколози, вели дека клучот е во добрата здрава балансирана храна.

“Не грижете се поради шунките или сланините во сендвичите. Тоа нема да ве убие. Но, немојте секојдневно да јадете четири сендвичи со шунка”, изјавил професорот Сикора./Е.Н.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.