Сокот од брусница ги блокира цревните вируси!
Објавено: 8 март, 2013, во 09:34 часот
Сокот од брусница би можел да биде корисен домашен лек против желудечните тегоби предизвикани од вирусните инфекции.
Додека поранешните истражувања покажаа дека сокот од брусница е многу ефикасен против инфекциите на мочните патишта, новото истражување, спроведено на St. Francis College во New York, открило дека овој сок помага и кај инфекциите на желудникот, предизвикани од различни вируси.
Тие вируси биле, во лабораториски услови, третирани со сок од брусница. Сокот од брусница успеал да го намали бројот на вирусите под ниво кое може да предизвика инфекција.

Новите истражувања покажуваат дека некои состојки од брусницата делуваат и врз честата и опасна бактерија, а тоа е Helicobacter Pylori, која во најголем процент е причина за чир во желудникот
Доколку сокот од брусница се покаже делотворен во третирањето на цревните инфекции кај луѓето, тогаш би добиле ново, едноставно и природно средство против инфекциите на гастроинтестиналниот тракт (системот за варење).
Овие инфекции се посебно многу чести кај децата од земјите во развој.
