Митови за депресијата!

Објавено: 11 март, 2013, во 13:45 часот

1. Депресијата е состојба од која заболуваат само слабите луѓе.

– Ова е потполно погрешна претпоставка, која често ги наведува луѓето да се обидат да ја скријат својата депресија или да ја задржат само за себе. Мажите многу често не се обидуваат да ја излечат депресијата бидејќи им е срам да признаат дека патат од неа. За среќа, се повеќе луѓе заклучуваат дека депресијата е болест како и секоја друга болест и дека секој може да ја има.

 

2. За депресијата нема лек.

– Не е вистина. Депресијата е често поврзана со слабата самодоверба и стресот. Разговарајте со матичниот лекар, потоа зголемете ја вашата самодоверба, намалете го нивото на стрес во животот, и ако е потребно лекарот нека ви препише дополнителна терапија. Во секој случај, со секојдневните обврски таа може да се намали, а со текот на времето и целосно да се излечи.

 

3. Депресијата ќе помине сама од себе.

– Некој од депресија може да пати и со години, затоа штом ја приметите одлучете се нешто да направите во врска со неа. Иако е возможно, многу е тешко доколку оставите времето да ја излечи.

 

4. Најдобро е да се изолирате додека го имате депресивното расположение.

– Баш напротив, изолирањето од светот е симптом на депресија, но и го поттикнува нејзиниот развој. Пријателите и позитивните луѓе околу вас несвесно ви помагаат во лекувањето. Доколку сте потиштени би требало што повеќе да се движите во друштво и да барате што повеќе активности.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.