Кафето со млеко предизвикува кариес?!

Објавено: 12 март, 2013, во 10:23 часот

Стоматологот Хајди Хакет потврдува дека секојдневното користење на лактоза предзвикува кариес.

Оние личности кои конзумираат кафе со млеко во поголеми количини секојдневно, го зголемуваат ризикот да ги расипат своите заби.

 

Кафето самото по себе не претставува проблем, но додатоците кои се ставаат во кафето како што се млеко и шеќер претставуваат права бомба за забите.

-Откривме дека многу од нашите пациенти поголемото време го поминуваат пред комјутер пиејќи кафе со млеко. Секојдневното козумирање на лактоза создава бактерии во усната шуплина, објаснува Хакет.

Според Хакет најодговорна бактерија за создавање на кариес е Streptococcus mutans која ги претвора јагленохидратите и шеќерот во киселина. Таа киселина ја уништува глеџта на забот и настанува кариес.

Според ова истражување пиењето на млеко со најразличи засладени течности предизвикува расипување на забите кај малите деца па затоа се препорачува во млекото да не се додаваат заладувачи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.