Ефикасни убијци на лошиот здив од лукот!

Објавено: 13 март, 2013, во 10:22 часот

Oсвен што голем број на медитерански јадења неможе да се замислат без незаменливиот вкус на лукот, тоа е една од најздравите намирнци која се одликува со антибактериски, антивирусни и антиоксидативни својства.

Но, како поради неговиот специфичен мирис кои доаѓа од секоја уста после негово конзумирање да не бидете анти посакувани во друштвото? … испробајте ги овие корисни совети.

1. Магдонос

Овој зелен зачин е достапен не само во домашни услови, туку и во рестораните бидејќи многу често го користат за декорации. Изџвакајте го одма после јадењето кое содржи лук, за да ја осетите моќта на освежувачкиот хлорофил кој го неутрализира непосакуваниот здив.

Доколку сте дома слободно во уста ставете гранче со десетина ливчиња и вртете го во усната шуплина одреден период.

2. Лимонада или кришка лимон

Лимонадата исто така ќе ви помогне да го неутрализирате здивот од лукот, но само доколку во себе содржи вистински лимонов сок.

Газираните сокови или пак радлери нема да ви помогнат во никој случај, така што ако сте во ресторан одлучете се за минерална вода со кришка лимон, за да го исцедите сокот во водата.

3. Топол чај

За отстранување на силниот лош здив пропратен од лук, најмногу помага зелениот чај. Со него ќе го отстраните маслото од лукот кое се задржало на јазикот и забите.Доколку не сте љубител на зелениот чај , скоро еднакво е делотворен и чајот од нане.

Освен овие помагала после јадењето, секако измијте ги забите и исчистте ги со конец и усната шуплина исплакнете ја со вода за уста. Дури тогаш може да бидете сигурни дека од лукот останало само она позитивно кое организмот веќе го преработува, додека единствената негативна работа е сигурно отстранета и уништена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.