Занимливости во медицината: Прашања за докторите!

Објавено на 25 март, 2013 во 11:10

Без оглед на тоа што секогаш се тука, според Хипократовата заклетва, да помогнат – овие шест прашања се навистина глупави!

На некои од нас им е непријатно да се консултираат со лекар за одредени симптоми, а други си прашуваат се’ и сешто. Ова се шест прашања, извадок од книгата на новинарот Дејвид Хавиленд – „Занимливости во медицината“.

 

1. Можат ли на луѓето да им пораснат рогови? – Може. Таквата здравствена сосојба се нарекува “Cornu cutaneum”, a ja предизвикува кератинот кој се наоѓа во човечките нокти. Израстоците се јавуваат на главата и изгледаат како животински рогови, а стручњаците советуваат да се отстранат за да не прераснат во малигни тумори.

 

2. Која е разликата помеѓу кретен и имбецил? – Разликата е 25 IQ бодови. Менталното здравје е поделено во четири основни категории. Луѓето со тешка ментална ретардација и IQ помала од 25 се кретени, додека оние со умерена ментална ретардација од 40 до 55 се нарекуваат имбецили.

 

3. Дали чоколадото предизвикува акни? – Не постои медицински доказ дека чоколадото лошо влијае на кожата и предизвикува воспаленија и акни. Единствена храна која ја поврзуваат со настанокот на акни е млеко и други намирници со висок гликемиски индекс како бел леб.

 

4. Кој хирушки инструмент најчесто го забораваат докторите во телото на пациентот? – За време на една рутинска операција, како онаа на слепо црево, се користат околу 300 хирушки инструменти, додека за оние покомплексните дури по 600. Тоа и е главната причина за заборавање на одредени инструменти во телото на пациентот. Најчесто тоа се скалпели, клешти, тампони, пинцети…

 

5. Колкав дел од мозокот ни’ останува неискористен? – Популарен мит, кој потекнува од времето на психологот Вилијам Џејмс, кој вели дека луѓето користат само 10% од целиот мозок. Истиот не е точен – тврдат стручњаците. На снимките за мозочни активности, се гледа дека активноста е присутна во различни делови и регии.

 

6. За што служи витаминот Е? – Се наоѓа во семки, јајца, авокадо…но што е со користа од овој витамин? Никој не знае. Се верува дека штити од Алацхајмерова болест и болести на срцето, но спротивно на тоа неодамнешни истражувања докажаа дека големи количини од овој витамин водат кон кардиоваскуларни проблеми.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.