Зелени салати за обновување на енергијата!

Објавено: 2 април, 2013, во 15:14 часот

Изгледа дека  и оваа пролет имате проблем со својот идентитет.

Додека врне дожд, сонцето се крие а ветрот вие, во нашите тела и глави се случува слична ситуација. Уморни сте, декоцентрирани, нервозни и отежнато функционирате.

Растенијата се тие кои во пролет ви даваат мотивација за нов живот,раст и просперитет.

Семето никнува,цветовите цветаат а сонцето сепак ќе не огрее.

Спротивно од зимата,кога се чува енергијата за пролетта е карактеристична желбата за обнова и нов почеток.

Што треба да правите. Без обзир какво е времето,излезете надвор,вдишете ја пролетта и исфрлете го тешкиот зимски загаден воздух. Ако имате познавање,излезете во природа и сами наберете некое зеленило за јадење.

Правите вежби за релаксација.

Според кинеската традиционална медицина,на тетивите и мускулите во пролет најмногу треба да им се обрне внимание.

Одмарајте ако почувствувате потреба и имате можност дури и ако тоа ви се чини премногу.

Обрнете внимание на можната појава на алергија,која може да се очекува во ова време од годината. Заобиколете го шеќерот и алкохолот исто така.

Додадете сок од лимон во пијалакот и салатите кои морате да ги јадете во поголеми количини. Коприва, спанаќ, блитва, млад кромид и марула немаат калории, но имаат влакна, хлорофил, витамини и минерали.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.