Домашни овошни маски за сјајна кожа!
За да ја одржите вашата кожа здрава и убава испробајте домашни маски од овошје. Откријте кое овошје најмногу влијае на сјајот на вашата кожа и ја чини поздрава. Одржете ја вашата кожа блескава и здрава со оваа маска од овошје која можете да ја подготвите и дома а има обновувачки и хидратантен ефект.
Комбинацијата на витамини, минерали и антиоксиданти кои ги има овошјето можат на брз начин да се претворат во одлична маска за лице. Исчистете го темелно вашето лице и осигурајте се дека косата не ви го допира лицето пред да ја нанесете маската на него. Со користење на свежо овошје на своето лице ќе му овозможите освежителен третман без користење на вештачки состојки.
Маска од јагоди
Оваа маска е полна со антиоксиданси, јагодите се општо познати дека многу ефикасно ги отстрануваат мртвите клетки на кожата. Измешајте пола шолја пасирани јагоди и пола шолја кисела павлака, нанесете ја на лицето и оставете да делува 20 минути. Потоа измијте го со топла вода.
Маска за лице од морков
Морковот содржи висока концентрација на витамините А и Ц, но не само тоа, исто така содржи фолицин и калиум. Морковот многу добро ја хидратизира кожата. Користете два до три поголеми моркови, сварете ги и изгмечете ги, потоа додадете четири лажици мед. Добиената смеса нанесете ја на лицето.
Маска за лице од авокадо
Авокадото е богато со витамини А, Е и Д. Содржи најдобри природни состојки кои помагаат за обновување на кожата, ги ублажува оштетувањата од сонцето и ги отстранува старечките пеги. Изгмечете две авокада, додајте една четвртина шол мед и 3 лажици морска сол. Ова е една од најдобрите маски за чистење и обновување на лицето.